По реновирањето на училиштето Најден Геров во Варна, Бугарија, за што се потрошени 2 милиона бугарски лева (околу еден милион евра), училиштето е во очајна состојба, објавува бугарски „“Дневник“.

Ова може да се види и од фотографии направени од родители, кои децата ги носеле во други училишта во периодот додека траело реновирањето. Нивните деца почнале да посетуваат настава со задоцнување од четири месеци, а тие биле повикани на помош за чистење на просториите.

„Мислев дека се е направено за децата, за нивната иднина, дека нема да има поголеми кражби и злоупотреби, но она што го видовме во училиштето, неколку дена пред децата да бидат пуштени внатре, ме остави без зборови“, напишал Јанко Митев на својот Фејсбук профил.

На една од фотографиите може да се види дека на стара клозетска шолја (позната како „чучавец“) директно е насадена тоалет школка, исушен и лошо исчистен паркет.

Обновата на училиштето почнала во април годинава по објавата на јавен тендер, а сдредствата се обезбедени целосно од Програмата на ЕУ за развој на младите. Работата ја добила фирмата „ЗЛМ“ од Јамбол, која требала реконструкцијата да ја спроведе со запазување на архитектонските, градежните, електрични и безбедносни стандарди.

Но, по 9 месеци од почетокот на работата станало јасно дека средствата од фондот се потрошени, а без притоа да се видат видливи резултати од реконструкцијата на училиштето.