На Балканот бројките на заразени со коронавирусот се високи и пандемијата не стивнува.

Во Словенија првпат има повеќе од 300 заразени, а се најавуваат и построги мерки.

Рекордни 356 нови случаи на коронавирус се потврдени во Словенија во последните 24 часа. Информацијата е од словенечката влада.

Ден претходно се потврдени 189 заразени.

Премиерот Јанез Јанша во вторникот изјави дека ситуацијата е многу сериозна.

Досега во земјата се потврдени 7.120 заразени со вирусот, а од компликации починале 160 пациенти заразени со Ковид-19.

Јанша вчера најави дека е можно да се воведат построги мерки во земјата, нагласувајќи дека во овој момент, од епидемиолошка гледна точка, „ѓаволот ја однел шегата“.

Тој рече дека земјата е во средина на вториот бран на епидемијата и најави идни рестриктивни мерки за спречување на понатамошното ширење на вирусот, со што помалку ограничувања.

И Македонија последниве седмици има бројки кои се движат околу или над 200 заразени