Фрањо Туѓман, поранешниот претседател на Хрватска, наредил тогаш 48-годишниот Жељко Ражнатовиќ Аркан веднаш да биде ослободен од затвор во јуни 1991 година, откако бил информиран дека неговиот внук, синот на неговата ќерка Невенка, бил киднапиран во Белград, тврди весникот „Објектив“.
Целта на на акцијата било како да се ослободи Аркан од затворот Реметинец во Загреб. Пријателите на Аркан работеа на тоа. Тогаш тренираше внукот на Туѓман и отидоа на тренинг во Фрушка гора. Ќерката на Туѓман, Невенка, во еден момент добила информација дека нејзиниот син е заробен Тоа и го кажал некој од Удба.
Испаничена веднаш и се јавила на мајка си, а таа во паника му кажала на сопругот Туѓман кој наредил Аркан веднаш да биде пуштен на слобода. Тоа било направено совршено. По Аркан, требало да пристигнат седум-осум автомобили БМВ во иста боја но се откажале и се одлучило со хеликоптер да се пренесе до мостот во Илок на Дунав каде го спуштиле и го предале на службите.
Набрзо бил ослободен и внукот на Туѓман и всушност била направена замена.
Comments are closed for this post.