Што се случи на 2 мај 2004 година ноќта кога Милорад Улемек Легија, поранешниот командант на „црвените беретки“ реши да и се предаде на полицијата? Поранешниот началник на Одделот за крвни деликти, Жарко Поповиќ Поп, во ексклузивна исповед за „Објектив.рс“ ги откри своите сознанија за таа вечер, која се уште е обвиткана во мистерија.

– Легија се предаде 14 месеци по убиството на Ѓинѓиќ. Верувам дека не сакаше да се предаде, некаде се криеше – го враќа Поповиќ филмот на сето она што се случувало пред повеќе од 17 години

Овој искусен полицаец ги открива и сите информации што ги имал за тоа каде бил Улемек на денот на атентатот на премиерот на Србија на 12 март 2003 година.

Кога веќе би упасен на патот кон затворот имал долг разговор со тогашниот премиер Војислав Коштуница.

– Што разговарале со него шест часа – никој не знае! Остана таен разговор. Во истрагата за убиството на Зоран Ѓинѓиќ, мораше да бидат сослушани и политичари за да се добие одговор зошто го прекршиле законот. Можам само да претпоставам дека сите тие можеби очекувале некоја капитална приказна од Легија, не ја добиле, па се срамеле да ја раскажат подоцна – шпекулира Поповиќ