Многу е балканско тоа што се случува во Велика Британија. Со договор, без договор, мека граница, тврда граница, нема договор. Тоа е Балканот! Како босански парламент да е. Додека ние се обидуваме да се европеизираме, тие се балканизираат.
Ова во интервју за „Гардијан“ го изјави албанскиот премиер Еди рама. Во текстот објавен неколку дена пред почетокот на дискусијата меѓу европските претставници дали Албанија и Северна Македонија ќе добијат датум за почеток на преговорите со ЕУ, тој ја коментира внатрешнополитичката ситуација во државата и нејзините перспективи пред евроинтеграциите.
Изгледа, проколнати сме. Кога ЕУ беше добра, ние бевме лоши. Сега кога стануваме подобри, ЕУ има проблеми, вели Рама, изразувајќи загриженост како ќе изгледа ЕУ кога Албанија најпосле ќе се присоедини кон Унијата.
Comments are closed for this post.