Одлуката на албанскиот претседател, Илир Мета, да се одложат локалните избори што беа закажани за 30 во јуни, не го фати неподготвен премиер Еди Рама.

Тој беше на митинг, и го искористи моментот пред присутните да изјави дека изборие ќе се одржат, бидејќи тоа е одлука на народот, а не на претседателот.

„Не е во ред да се одложат изборите, тоа не е ништо друго туку план за преземање на владата и погpeбување на правдата и државата, но јас очекував ваква одлука на Мета. Ние ќе ги одржиме изборите, бидејќи тоа е избор и право на народот“, изјави тој од говорницата.

Албанскиот претседател Илир Мета го одложи одржувањето на локалните избори на 30 јуни, поради, како што се наведува во официјалното соопштение, длабоката политичка криза во земјата и поради „несогласувањето на ни една страна“ да се седне на дијалог.

-Имајќи ја предвид итната потреба да се смиpи ситуацијата и pизикот од непредвидлива ескалација на конфликтот во земјата преземам висока уставна и институционална одговорност, а убеден дека заштита на уставните начела е поважна од секој правен термин како шеф на државата и почитување на заkлетвата за да се одржи секој услов за стабилност, миp, социјално и национално единство, го поништyвам уkазот со кој локалните избори требаше да се одржат на 30 јуни, стои меѓу другото во соопштението.

Нагласуваувајќи го фактот дека со последните случувања се нарушува имиџот на Албанија во светот, се наведува дека подетално образолежение за причините за одлагање на изборите ќе даде в понеделник.

Ескпресно, од изборен митинг во Берат, му одговори премиерот Еди Рама, кој му порача дека избори на 30 јуни ќе има.