Албанскиот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама, ја предизвика опозицијата, порачувајќи и дека е подготвен да оди на предвремени избори на есен, доколку на локаланите избори опозицијата освои една општина повеќе од нив.
Доколку на престојните јунски локални избори освоите една општина повеќе од нас, ние сме подготвени да одиме на предвремени избори на есен. Но, запомнете дека постои само еден начин, на крајот од денот луѓето одлучуваат кој победил и кој ја изгубил битката. Изборите на 30 јуни ќе одлучат какви луѓе сакаме – порача Рама од плоштадот во Тирана, „Мајка Тереза“.
На плоштадот се одржува манифестација во рамки на проектетот „Општина каква посакуваме“ каде Рама го промовираше Ерион Велиај за кандидат за втор мандат за градоначалник на Тирана.
Рама исптрати и порака до опозицијата дека Социјалистичката партија нема мандат од грааните за да замине.
Ви понудивме соработка за изборни реформи. Ние ја истрпивме калта, јајцата, мастилото и бојата која поради вашиот очај ги фрлавте врз нашите лица, но сето тоа беше бескорисно. Наместо да не предизвикувате со идеи, избравте да нè гаѓате со камења… Ви порачувам дека немаме мандат за да заминеме, туку само договор со граѓаните на оваа земја да останеме изјави Рама.
Comments are closed for this post.