Претседателот на Бугарија Румен Радев вечерва ќе биде специјален гостин на  фестивалот „Пирин фолк“, во Сандански .

Шефот на бугарската  државата ќе ги пречека учесниците и гостите на која ќе бидат доделени наградите на конкурсот за авторска македонска песна.

Настанот ќе се одржи  во 20:45 часот по бугарско време во Летниот театар Сандански.

Петнаесет уметници ќе се претстават со песна од македонска основа специјално подготвена за „Пирин фолк“.