Мислам дека е крајно време г-дин Борисов да престане да ја корисдти својата партија како штит и кандидирајќи се за претседател на државата да ја сочува нејзината чест.

Вака претседателот Румен Радев ја коментираше изјавата на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, дека ќе чека до последен момент пред да го објави кандидатот на својата партија за претседателските избори.

-Мислам дека е редно. По сите изнесени приказни и предизвици, мислам дека тоа е логичен епилог, дополни Радев.