Во очи на посетата на Путин на Белград во Србија ќе пристигнат стотици претставници на руските власти и бизнимени од Русија. Чепурин потсети дека Србија и Русија имаат добра соработка, но и големи неискористени можности, кои треба да се унапредат.
Како што спомна, во првите осум месеци трговската размена на двете земји се зголеми за 20 отсто и изрази очекување дека до крајот на годината ќе го надмине нивото од три милијарди долари.
Чепурин откри дека во октомври Русија ќе усвои програма за економски развој во наредните шест години, што ќе биде „гигантски чекор напред”, во кој ќе биде вклучена и Србија.
Според него Русија станала трет надворешно трговински партнер на Србија, а може да стане и втор партнер.
Comments are closed for this post.