Лидерот на радикалите, Војислав Шешељ, му се закани на поранешниот претседател Борис Тадиќ дека ќе го малтретира поради тоа што Караџиќ и Младиќ ги испорачел во Хаг и дека тој работи против српски интереси. Шешељ е убеден дека Тадиќ кога-тогаш ќе одговара.

Прво ќе го пикнам во гепек а потоа ќе го однесам на едно посебно место.Со синџири нозете ќе му ги прицврстам на под додека рацете ќе му ги врзам за таванот. Ќе виси бидејќи прикрваше нарко дилерите и убијците на гардистите-објаснува Шешељ.