Првата група од 250 Авганистанци се очекува во Албанија да пристигне во текот на неделава.
Дипломатски извори за „Гласот на Америка“ потврдиле дека станува збор за преведувачи и соработници на различни нивоа на американските структури во Авганистан. Тие ќе бидат префрлени заедно со нивните семејства.
-Еден од членовите на кабинетот на премиерот Еди Рама доби задача да го организира целиот процес на прием и сместување на Авганистанците, кои се очекува да бидат поделени во неколку групи и засолнети во посебни структури, пренесе Ора њуз.
Албанија вчера официјално потврди дека одговорила позитивно на барањето на американската Влада.
Премиерот Еди Рама објасни дека ќе бидат примени неколку стотици луѓе, од интелектуалните кругови и авганистански жени активистки, кои, како што нагласи, се меѓу „ првите на списокот за егзекуција, на варварите во Авганистан“.
Денеска, министерката за надворешни работи Олта Џачка во врска со авганистанските граѓани кои сакаат да ја напуштат својата земја, преку објава на Твитер, уште еднаш истакна дека Албанија е подготвена да биде домаќин на неколку стотици Авганистанци, додавајќи дека „ ние стоиме рамо до рамо со нашите сојузници, подготвени да ја гарантираме нивната безбедност и благосостојба
Comments are closed for this post.