Просечната исплатена нето плата во Хрватска за јуни 2019 година изнесува 6,470 куни (875 евра), објави денеска хрватскиот Државниот завод за статистика.
Највисока просечна месечна нето плата исплатена е во секторот авио-превоз, во износ од 11.023 куни (1.492 евра), а најниска во текстилната индустрија 4,264 куни (577 евра).
Според податоците на ДЗС, медијалната (средна вредност од нависоката и најниската исплатена плата) нето плата за јуни изнесувала 5,595 куни(757,2 евра), што значи дека половина од вработените имаат пониска, а половината повисока плата од тој износ.
Comments are closed for this post.