Непроценлива штета е предизвикана од големиот пожар во Еубеја на островот Евија во Грција, а истрагата има тврди докази дека пожарот е подметнат.

Пожарот во моментов е локализиран и се држи под контрола, но на терен остануваат во крајна мобилност пожарникарите, 6 авиони и 3 хеликоптери.

Истрагата в ели дека има солидна основа да тврди дека пожарот е подметнат. Првин затоа што тој почнал во 03 часот изутрината минатиот вторник во близина на селото Макримали, а пожарот во исто време почнал на најмалку три различни локации.

Од пожарната на три локации кои биле на оддалеченост во дијаметар од 100 метри пронашле запаллива материја, крпи, пластични канти, најверојатно полни со бензин. Овие тврдења објавени во „Фри прес“ не се официјално потврдени.

Во меѓувреме, надлежните власти примиле околу 30 јавувања од граѓани кои изјавиле дека пред пожарот виделе сомнителен мотоцикл и еден автомобил како вози низ таа зона. Најсомнителен бил моторџијата кој возел без регистарски таблички. Сега полицијата ќе ги проверува и безбедносните камери на објектите.