Покрај куќата на ужасot во Ритопек, криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ за своите злосторства користела уште една викендица во близина на Белград. Во местото Сурдук имале  викендица покрај реката, каде што го запалиле, а потоа со боздоган го здробиле телото на починатиот Горан Михајловиќ.

На  фотографиите се гледа местото на злосторството каде ги запалиле посмртните останки на Михајловиќ, како и куќата која ја користеле на ова мирно место.


Во дворот од куќата Беливук  нарачал половни автомобилски гуми  а потоа телото на убиениот го ставиле на клада,го полиле со бензин и го запалиле. Кога пожарот згаснал, Беливук зел боздоган и ги здробил неизгорените останки, а потоа местото на злосторството го полиле со киселина.

На крајот Беливук ги ставил исечените остатоци во вреќа,  ги однел до Пупиновиот мост и ги фрлиле во Дунав.