Москва е подготвена за продолжување на трасата на гасоводот „Турски поток“ кон Европа, но тоа може да се реализира дури откако ќе добие гаранции од ЕУ дека и овој проект нема да ја доживее судбината на „Јужен поток“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во интервју за весникот „Српски телеграф“.
Лавров нагласува дека рускиот гигант „Газпром“ разгледува две можни варијанти за продолжување на „Турски поток“ кон европските потрошувачи – едната преку Бугарија и Србија, а втората преку Грција и Италија.
Сега се разгледуваат различни можности за продолжување на гасоводот на европска територија, вклучлитено и по рутата Бугарија-Србија-Унгарија до гасниот чвор во австирскиот Баумгартен, вели Лавров, додавајќи дека Москва ја научила лекцијата од гасоводот „Јужен поток“ и не сака тоа да се повтори.
Проектот за изградба на гасоводот „Јужен поток“ од Русија преку Црното Море до бугарскиот брег пропадна, кога Бугарија се повлече од него под притисок од Брисел.
„Турски поток“ исто така треба да минува низ Црното Море, но да завршува во европскиот дел на Турција. Предвидено е овој гасовод да има две линии, од кои едната за снабдување со гас на Труција, а втората за дистирбуција на енергенсот до европските поторшувачи.
Comments are closed for this post.