Зголемувањето на таксите за производите кои доаѓаат од Србија ги испразни продавниците на северот на Косово. Се трошат последните резерви, а ситуацијата е најалармантна со производите кои имаат пократок рок на траење како млеко, јогурт как и снабдувањето со леб.

Поради тоа во Митровица и околината на Косово се заканува хуманитарна криза. Сопствениците на дуќаните на северот се принудени да ги затворат дуќаните поради тоа што инспекциите им бараат на производите да има декларации дека се увоз од „Република Косово“.

Косовските власти потврдија дека нема да ги укинат таксите се додека Косово не биде признаено како независна држава од страна на Србија.