Албанскиот претседател Илир Мета позитвно одговори на барањето на четири помали опозициски партии, да ги прми и да рзговараат околу политичката криза во земјата, на која би присуствала и владеjачката Социјалистичка партија.
Нема потрда дали четворицата лидери за ова се договориле со лидерот на демократите Љуљзим Баша. Средбата ќе се одржи во вторник во 11:00 часот.
На средбата ќе учествуваат Фатмир Медиу, претседател на Републиканската партија, Вангел Дуле на Партијата за заштита на човековите права (партија на грчкото малцинство), Агрон Дука на Аграрната партија и Ндар Ндока на Демохристијанската партија.
Од обединетата опозиција се категорчни за бојкот на изборите и попречување на истите. Покрај блокирање на патни правци, голем народен собир најавија за 11 мај. Тие бараат заминување на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада која ќе спроведе слободни и фер избор.
Comments are closed for this post.