Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ја оцени како шпекулација идејата за двоен суверенитет како решение за косовскиот проблем, додавајќи дека такво нешто официјално не е предложена, но и дека тоа е неприфатливо за Србија.

Дачиќ за РТС изјави дека двоен суверенитет значи дека на северно Косово по 10 години ќе може да се одржи референдум.

Ова решение подразбира дека Србија ќе го признае Косово, дека овој дел (северно Косово) ќе биде под влијание на двојниот суверенитет и дека во иднина некогаш треба да се одржи референдум. Ова за Србија е идеја што не е прифатлива, изјави Дачиќ.

Тој нагласи дека ова решение официјално никој не го изнел, додавајќи дека тоа не постои никаде во светот и дека не гледа зошто тоа би го прифатила Србија.