Во рок од 40 дена на Косово треба да се одржат нови парламентарни избори, откако Уставниот суд го прогласи за неуставен изборот на актуелната влада. Денеска треба да започнат партиски консултации за датумот на изборите.

Судот констатира дека одлуката на парламентот на Косово за избор на Владата не била во согласност со Уставот, бидејќи не добила потребно мнозинство на гласови од сите пратеници, како и оти претседателот на Косово, земајќи во предвид дека Владата не е избрана по Уставот, распишал избори, кои треба да се одржат не подоцна од 40 дена од денот на распишувањето