Грчката јавна обвинителка предложи денеска пресудите на припадниците на неонацистичката партија Златна зора, кои се осудени на по десет години затвор, да се суспендираат до жалбите.
Овој предлог единствено не се однесува на Гиоргос Рупакиас, кој е осуден за убиството на музичарот Павлос Фисас.
Обвинителката наведе дека обвинетите, на кои се однесува овој предлог, со исклучок на Никос Михалољакос, немаат кривично досие, ги почитувале претходните ограничувања на движењето и не се обиделе да побегнат.
Доколку судот го прифати предлогот на обвинителката, тоа значи дека лидерите на Златна зора, кои се обвинети за водење криминални организации, нема да заминат в затвор се додека не се донесе одлука за нивната жалба.
Comments are closed for this post.