Граничниот премин Ново Село – Златарево, кон Бугарија, кој беше затворен вчера поради пожар што избувна на бугарска страна од утринава се пропуштаат само автомобили, но сообраќајот е слаб, додека товарните возила се пренасочуваат на соседните гранични премини со Македонија – „Ѓуешево“ кај Ќустендил и „Станко Лисичево“ над Благоевград.
Бугарските медиуми објавија дека во пожарот нема повредени, но дека е предизвикана голема штета. „Бгнес“ јави дека пожарот избил во административната зграда на пунктот и дека многу документи биле уништени.
И бугарските и македонските царински служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој граничен премин за патување и да се упатуваат на другите гранични премини.
Comments are closed for this post.