Грчката крајбрежна служба врши обемна потрага по чамец со мигранти во близина на полуостровот Пелопонез, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во акцијата за пронаоѓање на пловилото учествуваат три бродови на грчката крајбрежна служба, авион на Фронтекс, но и бродови што пловат во близина.

Според првичните информации, станува збор за чамец во којшто се наоѓаат околу 60 луѓе што се обидуваат да дојдат до грчкиот брег.