Децата родени меѓу 1999 и 2015 година биле изложени на токсичен фактор, кој влијаел да бидат подложни на малигни болести, покажа студијата на Комисијата за истражување на последиците од НАТО бомбардирањето.
Претседателот на Комисијата Дарко Лакетиќ, по презентирањето на истражувањето во српскиот парламент, пред новинарите рече дека тоа се однесувало само на деца, бидејќи тие се помалку изложени на други фактори на ризик, како што е пушењето.
Истражувањето покажа дека најчести тумори кај деца на возраст до четири години се невроектодермалните, кај оние од пет до девет години се туморите на крв, од 10 до 14 години тумори на мозок, а од 15 до 18 години солидни тумори.
Ова истражување недвосмислено покажува дека повеќе генерации во одреден чувствителен период биле изложени на некој фактор кој ги направил почувствителни за заболување од одредена малигна болест во однос на други генерации на истата возраст, рече Лакетиќ.
Комисијата за истрага на последиците од НАТО бомбардирањето во 1999 година по здравјето на граѓаните на Србија е основана минатата година
Comments are closed for this post.