Подморницата „Тиса“ која е произведена во осумдесетите години ќе стане музеј. Таа ќе биде поставена во Белград за да можат да ја видат сите вљубеници во она што поседувала ЈНА на чело со Маршалот Тито.

Станува збор за т.н џебна подморница, многу опасна која се користи за неприметно положување на мински полиња во непријателски води. Долга е 18,8, широка 2,7, а висока 3,4 метри.

Поранешна Југославија беше една од 11-те земји во светот кои произведуваа подморници.