Србинка од местото Сента нудела 1.600 евра на работник кој извршувал сезонски работи во нивниот дом за да го убие сопругот.

Таа долго време го убедувала работникот да го убие сопругот со кого не била во најдобри односи.

Дури и смислила план како тоа да го изведе.Напаѓачот требало да го убие сопругот, нејзе да ја удри и да има сериозни повреди, а куќата да биде испревртена за да изгледа веродостојно.

Но, работникот се двоумел и одбегнувал тоа да го стори иако жената постојано му врешела притисок. Сепак, работникот решил случајот да го пријави во полиција и сопругата била уапсена при примопредавање на парите за услугата.