По вториот круг на локалните избори следната седмица, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, како што и самиот најави, ќе побара од претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори,  јави дописничката на МИА од Атина.

По вториот круг од локалните избори ќе побарам од претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори за на крај грчкиот народ да биде оној што ќе ја даде конечната одлука, рече Ципрас во неговото обраќање неколку минути пред полноќ, откако неговата партија загуби и на европските и на локалните избори.

Грчкиот премиер рече дека нема намера да избега и нема да го игнорира резултатот од изборите.

Неофицијално во Грција, како и во изминатиот период, така и сега, како можен датум за избори се споменува 30 јуни.