Српските опозициски партии – Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас, Демократската партија (ДС) на Зоран Лутовац и Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Павле Грбовиќ се залагаат за формирање на специјално министерство кое ќе се занимава со изборите, пишува во денешното издание на весникот Данас. Весникот пишува дека ваквото барање е наведено во заедничкиот документ на трите партии за учество во меѓупартискиот дијалог за подобрување на изборните услови во Србија, што треба да се спроведе под покровителство на Европскиот парламент (ЕП).

Овие партии бараат ова министерството да биде составено од непартиски личности со цел следните избори, најавени за пролетта 2022 година, да бидат фер и чесни. Според Данас, овие партии предлагаат да се назначи и службено лице, во рамките на специјалното министерство за избори, кое ќе се погрижи да се спречи притисок врз вработените во јавната администрација и компаниите да гласаат за владејачката партија. Како што јави дописникот на МИА од Белград,претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прашањето за иницијативата на опозицијата за формирање на Министерството за избори, иронично кажа дека „претходните денови сигурно била полна месечина“.

. -Нема да зборувам за политички противници, но претходните три дена се чинеше дека беше полна месечина. Како кажавте, Министерството за избори …?, изјави Вучи.