Вдовицата на поранешниот српски претседате Слободан Милошевиќ се бори за живот.Мира Марковиќ се наоѓа во тешка здравствена состојба по четирите операции.

Загрозени и се виталните функции и таа се наоѓа во болница во Сочи. Откако нејзиниот сопруг беше префрлен во Хаг таа избега во Москва и оттогаш не се врати во Србија.

Неодамна Апелацискиот суд во Белград и ја укина пресудата според која таа мораше една година да оди во затввор поради злоупотреба на службената положба за распределба на станови.