Еден тон марихуана е фатен на српско-бугарската граница, на преминот „Калотина“. „Тревата“ била сокриена во камион, кој од Србија влегувал во Бугарија низ која требало да помине транзитно, јавуваат бугарските медиуми.

Возачот на камионот при акцијата успеал да избега и по него се трага.

Два камиона управувани од српски државјани, од кои едниот бил и нивни сопственик, влегувале во Бугарија. Прв на преминот застанал камион, што пренесувал линолеум, а веднаш по него и вториот.

На границата, бугарските цариници се посомневале и првиот камион го испратиле на рентген, што се наоѓал на 1,5 километри од граничниот премин. Возачот само навидум тргнал натаму, а по  него заминал и вториот камион. Некаде на средината од патот двата камиона запираат, ги менуваат регистарските таблички, како и документите.

Цариниците одново се посомневале и започнале потрага на првиот камион, што го пронашле во близина на Сливница, но возачот не бил таму. Вториот возач, межутоа, бил уапсен.