Во селото Банија, во околината на Петриња, на новинарите им снемуваат зборови ооткако ќе ги видат штетите кои ги предизвика разорниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтерова скала. Куќите на луѓето се толку оштетени што е прашање дали би издржале следен силен земјотрес.
Луѓето се свесни дека е подобро куќите да се срушат отколку да се реновираат. Спијат во днонирани куќи, контејнери, некои дури во автомобили. Очајнички очекуваат помош, но не во намирници и облека затоа што велат дека тоа имаат повеќе од доволно.
Тие истовреме се повеќе разочарани отколку бесни и велат декаима 10 дена од земјотресот и никој од надлежните од градот не дошол, а не пак од државата. Не знаат на што се, а вистинската зима зсамо што започнала.
Сега ни треба кров над глава. Нашиот кров сега е контејнер. Куќичките не се трајно решение. Затоа ги повикувам сите да се вклучат и помогнат во решавање на сместувањето на луѓето, за да бидат на толо, бидејќи ќе има снег и температури под нулата. Не знам ни како луѓето ќе преживеат, рекол Јеленко Радмановиќ, претседател на Месниот одбор на Долна Бачуга во петокот.
Од страна на новинарите бил запрашан како тој и неговото семејство го доживеале земјотресот.
Првите денови плачев, а потоа сфатив дека морам да бидам јак, за да ги посетам луѓето. Имам малку оштетувања дома, но моите деца се во страв. Тие повраќаат од страв, се тепаат од страв“, вели тој.
На крајот им се заблагодарил на сите кои досега му помогнале.
Ѝ благодарам на цела Хрватска, на ЕУ и сите земји на поранешна Југославија, рекол тој.
Comments are closed for this post.