Надградбата е многу јасна, објективна и структурирана и ќе биде прашање на вистинска работа, а не на говори и политички пароли, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за односите меѓу Бугарија и Република Македонија по денешната седница на бугарската Влада, јави БТА.

-Вчера добив повик од Зоран Заев да ми ја честита функцијата. Ја разгледавме идејата за работни групи за која разговаравме во текот на кампањата. Тие ќе се структурираат што е можно поскоро, и се надевам на почетокот на јануари дека ќе имаме јасен план кои ќе бидат тие групи. Вклучувајќи го и она за што разговаравме утрово – да вклучиме повеќе култура, инфраструктура и економија како надополнување покрај историјата. Треба да направиме акциски план и на почетокот на јануари овие работни групи да имаат реални резултати, да дадат идеја да ги унапредиме преговорите на пооперативен план, додаде Петков.

-Кај Заев има промена, тој самиот очекува дека ќе има нов премиер на почетокот на следната година, што ќе даде добар севкупен почеток, рече Петков за неговиот разговор со премиерот на Република Македонија.