Партијата „Продолжуваме со промената“ за само неколку месеци е победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија, а зад истиот стојат двајца поранешни министри Кирил Петков и Асен Василев.
Тие се новото лице на бугарската политика кои стекнаа симпатии и кај македонската јавност со неговите изјави. Петков кој ќе биде нов премиер има 41 година и заедно со неговиот пријател Василев се школкувани на Харвард. Борбата против корупцијата за нив е најголем проблем а не односите со Македонија.
То смета дека работните групи треба да имаат јасни цели и да се состануваат еднаш месечно, а не на шест месеци.
Бугарија мора да го брани својот национален интерес, а тие мора да го бранат својот интерес, но под заеднички именител дека двете земји имаат што да добијат од добрососедските односи, рече Петков.
Сепак, малку е веројатно дека нивната влада ќе биде направена до 14 декември кога е Самитот на ЕУ па конечниот збор ќе го има претседателот Радев.
Comments are closed for this post.