Пет илјади полицајци во Атина, хеликоптери и дронови, ќе бидат на должност на утрешното одбележување на 45-годишнината од студентскиот бунт против хунтата. Голем број од главните улици и булевари во центарот на Атина, кака и три метро станици, ќе бидат затворени за сообраќај.

Студентскиот бунт секоја година во Атина се одбележува со протестен марш од пред зградата на Политехничкиот факултет, кој важи за симбол на бунтот, бидејќи оттаму во 1973 година започна борбата против воената хунта. Учесниците на маршот, најчесто членови на левичарски организации, здруженија и партии, протестот го завршуваат пред Амбасадата на САД.

Во изминатите години собирите често завршуваа со сериозни инциденти и судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Освен во Атина, протести и маршеви се најавуваат и во други грчки градови