Претседателот Стево Пендаровски не ги штити интересите на својата татковина, туку служи на политиката на Србија и Русија на Балканот. Тој со своите изјави го кочи развојот на односите меѓу Софија и Скопје – изјави за БГНЕС Екатерина Захариева, поранешна шефица на бугарската дипломатија и актуелна претседателка на Комисијата за надворешна политика.
Бугарија мора да има многу дефинитивна и остра реакција на изјавата на Пендаровски. За жал, ова не е првпат тој да дава остри изјави кои не помагаат во развојот на билатералните односи, рече таа во изјавата.
За сугестиите што Пендаровски ги даде во својот говор за прогласување на бугарските екстремисти за персона нон грата и да не им биде дозволен влез на чествувањето за Гоце Делчев на 4 февруари, Захариева рече: Силно се надевам дека македонската влада нема да го прифати неговото барање, бидејќи тоа многу повеќе ќе ги ескалира билатералните односи. Ова ќе им служи во интерес токму на оние бугарски политичари кои нема да бидат пуштени да влезат на територијата на Македонија. Некои од нив исто така не помагаат за нормализирање на односите.
Comments are closed for this post.