Новите партии во бугарскиот Парламент иницираа сослушување на се уште актуелниот премиер Бојко Борисов што треба да го изгласаат денеска, но тој најави дека нема да им дојде – бидејќи си зел одмор.
Повод е учеството на Бугарија во планот за закрепнување и одржливост на Европската унија поради кризата по Ковид-19. ГЕРБ и Борисов беа обвинети од „Стани! Мутри, излези!“ дека документот со кој Бугарија се очекува да има пристап до европските фондови не е јавен, а станува збор за 50 милијарди евра.
Според веројатноста, предлогот за сослушувањето на Борисов ќе биде одобрен од мнозинството во Парламентот. Сепак, тој нема да дојде затоа што во четвртокот вечерта на општо изненадување преку владината прес-служба објави дека оди на одмор. Како причина е наведено дека премиерот се повлекува со цел да започне „сериозна работа“ на подготовка на новата влада, која ГЕРБ ќе ја предложи како најголема парламентарна група. За време на отсуството ќе го замени вицепремиерот Томислав Дончев кој е исто така член на новиот парламент.
Се очекува исто така дека новите партии „Има такви луѓе“ и „Стани! Мутри, излези!“ ќе го поддржат предлогот да се формира привремена комисија која ќе се обиде да изврши ревизија на потрошените пари од владата на ГЕРБ во последните 4 години.
Comments are closed for this post.