Аура Јазмин Кастро Рузим (47), позната како „Ла Мадрина“, е приведена во Меделин и заедно со Соња Суарез Гомеш, поранешна девојка на адвокатот Страхиња Стојановиќ, кој беше убиен во 2020 година, е поврзана со српското подземје.

„Кумата“ на балканскиот картел, Аура Јазмин Кастро Рузим (47), која неодамна беше уапсена во Меделин, има неверојатна сличност со Колумбијката Соња Суарез Гомез (47), која беше полесно повредена во експлозија на џип кога нејзиното момче загина.

Според колумбиските медиуми, и Аура Јазмин Кастро Рузим и Соња Суарез Гомез биле добро познати во српското подземје.

Аура Рузим е уапсена врз основа на црвена потерница на Интерпол што Холандија ја распишала по неа, а колумбиските медиуми наведуваат дека таа е главната личност за снабдување на балканскиот картел со кокаин. Според нивните изјави, српската мафија нарачувала дрога од неа, но добивала и инструкции за шверц на дрога.Тие создале голема организација и за неа работеле повеќе од 170 луѓе.