Косовскиот министер за надворешни работи во оставка, Беџет Пацоли, го поздрави иманувањето на американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел за специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Косово и Србија.

Пацоли преку својата страница на Фејсбук порача дека тоа именување ја потврдило посветеноста на САД за процесот, како и личната заинтерeсираност на претседателот Трамп за меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија.

Последниве недели постојано повторувам дека дијалогот треба да се затвори од новата влада. Наша главна задача и стратешки интерес е да се поврземе со нашите партнери, да работиме со нашите пријатели. Претседателот Трамп сака Србија конечно да го признае Косово и ние ќе го поддржиме тоа, затоа што е интерес и на Косово, напиша Пацоли.

Unë mirëpres emërimin e Ambasadorit Amerikan në Berlin Richard Grenell si i dërguar special presidencial për dialogun…

Posted by Behgjet Pacolli on Thursday, October 3, 2019