Вештачкиот недостиг на шеќер во Србија го предизвикала компанијата „Кинг Комерц“ од Ваљево, која се занимава со трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки, дознава Курир. Според податоците од Агенцијата за деловни регистри, единствен сопственик на оваа фирма е Горан Омеровиќ (47).
Тој во пакување од еден килограм складирал 2.000 тони шеќер, а кај производителот неговата фирма имала околу 30.000 тони шеќер, што е десетина од вкупното производство во Србија годишно.
Основната дејност на компанијата е трговија на големо со кристален шеќер и рафинирано сончогледово масло за јадење, како и снабдување на големо и мало низ целата земја и регионот, како и соработка со водечки синџири на хипермаркети во Србија, за кои работат нивните брендови за шеќер и масло.
Comments are closed for this post.