И Србија си има свој „Драги Рашковски“ или Среќко Шојиќ, ликот од филмот „Тесна Кожа“. Саша Влаисављевиќ, директор на белградскиот аеродром и владин функционер си живеел луксузен живот за сите пари.За службени патувања потрошил 500.000 евра, а секаде си ја носел и својата секретарка. И не само тоа секретарката ја носел на Виенскиот новогодишен концерт, се разбира на сметка на фирмата.
Тоа не му било малку па си основал и своја фирма преку која морале сите министерства да купуваат билети. Досега вработил 200 свои луѓе а на многумина им земал пари за вработувањето. Дури и тренерот по фудбал на својот син кој откако не го ставил во игра на некој натпревар барал да го отпуштат.
За време на мандатот си купил „Порше Паманера“ со кој дивеел по Белгад со 220 км на час.
Шојиќ на денешницата зарем не?
Comments are closed for this post.