Осма сабота по ред илјадници луѓе излегоа на улиците на Белград на протест против режимот на претседателот Александар Вучиќ. Демонстрантите се прошетаа низ центарот на Белград, а потоа се собраа пред државната Телевизија, контролирана од луѓето на Вучиќ, објавуваат странски медиуми.
Главниот говорник на протестот, Зоран Ивошевиќ, поранешен член на Врховниот суд на Србија, го повика Вучиќ да си поднесе оставка и „Србија повторно да стане земја во која се почитува уставот“.
Грчката агенција АНА-МПА јави дека големата мобилизација, која се шири и низ другите градови во Србија, е во знак на осуда на омразата и климата на насилство, како и против механизмите на пропаганда на Вучиќ кои поттикнуваат постојани напади кон неистомисленици и новинари.
Comments are closed for this post.