Страсна љубовна врска на Еди Рама со грчка дипломатка во Тирана откри на ТВ Клан, поранешниот албански премиер и претседател, Сали Бериша. Грчките медиуми, прнесувајќи ја веста, пишуваат дека Еди Рама бил во врска со грчката Мата Хари (една од најпознатите шпионки во историјата).

Во емисијата „Опинион“, Бериша открива дека Рама во 1993-1994 година бил во љубовна врска си грчката дипломатка Катерина, од амбасадата во Тирана. Во тоа време, се постетува Бериша, новинарите многу пишувале за младиот сликар Рама (инаку и кошаркар) и за грчката Мата Хари, Гркинката која работела во одделот за цивилизации на амбасадата.

Иако не обвинува директно, сепак, Бериша сугерира дека токму Рама бил тој што бил „обработен од Гркинката“, однос бил предмет на обработка на грчките разузнавачки служби.

До сега таа информација, како што објасни Бериша, се чувала во тајност, но сега тоа не е така. А бидејќи е тргнат печатот на тајноста, информацијата е декласифицирана, се наведува дека Рама бил регрутиран од грчката дипломатка, со која потоа заминува за Париз. Бериша вели дека Катерина била префрлена на работа во Париз, а „Рама заминал со неа и станал сексуален имигрант“.

Нивната врка била будно следена од тајните служби на Албанија, потврди Бериша.