Српската опозиција е во паника откако претседателот Александар Вучиќ најави дека ќе го прифати нивното барање да има предвремени парламентарни избори кон крајот на март. По речиси идентично сценарио како во Македонија, опозицијата протестира на улиците на Белград.
Повод е наводното претепување на еден локален политичар и собирот се одржува под мотото „Стоп на црвените кошули“, бидејќи наводно кошулата му била извалкана со крв.
Опозицијата предводена од Џилас, Јанковиќ и Чеда Јовановиќ нема речиси никакви шанси да победи на изборите и сега најавува бојкот.
Тие би оделе на услови под нивните услови, пред се кога ќе имало слобода на медиумите во Србија бидејќи во овој момент нема услови за фер борба.
Comments are closed for this post.