Поранешниот претседател и премиер на Албанија, Сали Бериша, денес објави дека во земјата и натаму работат спортските кладилници.

Според пораката испратена лично до Бериша од „еден граѓанин“ се потврдува дека кладилниците уште работат онлајн.

Ова се обелоденува откако премиерот Еди Рама донесе одлука да се забранат сите кладилници во Албанија почнувајќи од 1 јануари годинава.

Но, повеќе граѓани јавуваат дека кладилниците само си ги смениле фирмите, односно тие и натаму работат и покрај „пропагандата на Рама“.