На Факултетот за политички науки во Белград во тек е состанок на кој претставници на власта и опозицијата разговараат за подготовките за дијалогот за изборните услови, јави Н1.

На состанокот присуствуваат министерот за полиција Небојша Стефановиќ, пратениците на Српската напредна партија Владимир Орлиќ и Владимир Ѓукановиќ, лидерот на Партијата за слобода и правда Драган Ѓилас, претседателот на Демократската партија Зоран Лутовац, како и пратеничката Маринка Тепиќ.

Присутни се и претставници на граѓанскиот сектор.

Деканот на Факултетот за политички науки, Драган Симиќ, кој беше еден од воведничарите на собирот, изјави за Н1 дека до состанокот дошло на иницијатива на Фондот за отворено општество и дека со тоа е отворен дијалогот за изборни услови