Рускиот милијардер Василиј Анисимов, сопственик на компанијата за развој на недвижности „Коалко интернешенел“ и до неодамна претседател на Руската џудо федерација, доби хрватско државјанство, пишува „Форбс“.

Владимир Путин ги критикуваше богатите Руси кои побегнаа во странство по руската инвазија на Украина. Анисимов имал лиценца за вотката од брендот „Путинка“, која го добила името по рускиот претседател.