Викендов треба да биде пуштен последниот дел од Коридорот 10 во Србија. Тоа е делот кај Грделичка клисура кој се гради од 2013 година.
Се работи за навистина тешка делница во должина од 26 километри. На неа има две клучки, два тунела, 33 мостови, вијадукт. Целиот дел од Коридорот 10 низ Србија изнесува 74 километри.
Со ова, од Белград до Скопје ќе се стигнува за само три часа.
Comments are closed for this post.