Драган Ѓилас, лидерот на српската опозиција вчера имаше средба со премиерот Зоран Заев.Главна цел на разговорите било рушење на власта на Александар Вучиќ, пишува „Република.рс“.

На вечерата со Заев покрај Ѓилас бил и Зоран Башановиќ,естраден менаџер кој сега е советник на македонскиот премиер, Владимир Цветковиќ и Александар Обрадовиќ, кој е поранешен директор на српската дистрибуција кој бил сменет од страна на Вучиќ.

На состанокот стана збор за актуелната состојба во Србија и двомесечните протести во Србија-информира движењето на Вучиќ.

За министерот за одбрана Александар Вулин, нема дилеми што било главна тема на разговорите во Скопје.

Скопје стана она што некогаш била Будимпешта, односно центар на разузнавачката дејност против Србија. Простор во кој се обезбедува финансиска поддршка за кодошите од целиот регион. Цврстиот став на Вучиќ дека нема да прифати власт предводена од амбасадори доведе до удар на службите. Скопје стана простор од каде почнуваат сите напади на Србија и на претседателот Вучиќ – објаснува министерот.