За министерот за одбрана на Србија Александар Вулин, нема дилеми што било главна тема на разговорите во Скопје помеѓу премиерот Заев и лидерот на српската опозиција Ѓилас.

Скопје стана она што некогаш била Будимпешта, односно центар на разузнавачката дејност против Србија. Простор во кој се обезбедува финансиска поддршка за кодошите од целиот регион. Цврстиот став на Вучиќ дека нема да прифати власт предводена од амбасадори доведе до удар на службите. Скопје стана простор од каде почнуваат сите напади на Србија и на претседателот Вучиќ-објаснува министерот.