Почнувајќи од 1 септември во 240 училишта во Србија, ќе започне да се применува концептот на едносменска настава, така што учениците од основно училиште ќе одат на часови само во една смена и ќе останат во училиште по завршувањето на часовите – од 12.30 до 16.30 часот.

Министерот за образование, Младен Шарчевиќ, изјави дека од тој концепт, што е предвиден со Стратегијата во образованието до 2020 година,ќе имаат корист учениците, родителите и наставниците. Наставниците ќе бидат заштитени од тоа да станат технолошки вишок.

Добро е за децата, ќе бидат помалку на улица, помалку изложени на сите ризици, ќе научат повеќе, ќе имаат повеќе знаење, и тоа нема да биде дополнителен напор за нив, тоа е поинаков систем на работа, рече Шарчевиќ.